Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, г-динот Артан Груби денес во својот кабинет оствари средба со амбасадорката на Црна Гора Г-ѓа Марија Петровиќ.
Груби и Петровиќ потврдија дека Северна Македонија и Црна Гора негуваат добро пријателство и соработка, почитувајќи ги истите вредности, имено Европската Унија и НАТО.
На средбата беше истакнато дека Република Северна Македонија има важна и конструктивна улога во унапредувањето на односите меѓу земјите од Западен Балкан и во исто време е добар пример каде граѓаните покажаа демократска зрелост и се одлучија за владеење на правото и демократските вредности.
Г-ѓа Марија Петровиќ и се заблагодари на г-н Груби за поддршката што Република Северна Македонија и ја дава на Црна Гора на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија.
Амбасадорката на Црна Гора, г-ѓа. Марија Петровиќ и првиот вицепремиер г-динот Артан Груби се согласија дека двете земји треба да продолжат да одржуваат добри билатерални односи и на тој начин да ја зајакнуваат економската соработка.