Поранешниот соработник на Шинзо Абе е новиот претседател на владејачката партија – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/20 9:53 AM

Поранешниот соработник на Шинзо Абе е новиот претседател на владејачката партија

Јошихиде Суга е избран за наследник на Шинзо Абе во владејачката партија во Јапонија. Поранешниот соработник на Абе е избран како легитимен наследник, а за неговото именување на премиерската позиција ќе треба да гласа парламентот.

Суга добил 377 гласови на изборите на Либерално-демократската партија, додека пак останатите два кандидати заедно освоиле 157 гласови. Внатрепартиските избори следеа откако минатиот месец Шинзо Абе најави дека ќе поднесе оставка од функцијата поради здравствени причини.

За познавачите, победата на Суга е очекувана со оглед на тоа дека тој уживал почит и доверба во партијата и бил довчерашен генерален секретар во кабинетот на Владата. Идниот премиер на Јапонија се очекува да ги следи стапките на неговиот претходник и да ги задржи принципите во надворешната и внатрешната политика на земјата. Соработката со САД и нејзино дополнително зајакнување ќе остане приоритет број еден во меѓународната политика на азиската држава.