Со изработката на мурал на фасадата на салата „Партизан” во Кавадарци се завршува серијата АКТО мурали со која се отвори годинешната програма на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У).
Во периодот што следува, АКТО продолжува со свои активности кои ќе бидат дополнително објавени.
Авторка на муралот е ликовната уметница и професорка Јана Јакимовска, а во изведбата учествуваа и уметниците Симона Манчева и Ненад Тонкин. Изработката на муралот е во продукција на ФР~У во партнерство со Општина Кавадарци и К.С.П. ПОДИУМ-ЈАДРО од Кавадарци.