„Белград се враќа во своите ’90-ти години“, беше најчестиот коментар по социјалните мрежи на вознемирените и загрижени жители на српската престолнина, откако џип беше разнесен на белградските улици среде бел ден.
Во експлозијата се повредени едно лице го загуби животот, а другото е повредено. Според српските медиуми се работи за обид на атентат на Страхиња Стојановиќ, врз кого пред две години исто така некој се обидел да му го одземе живот во населбата „Галеника“ во Белград. Тогаш во експлозија на автомобил во Земун е тешко повредена неговата пријателка и сопатничка во возилото.
Медиумите во Србија пренесуваат и дека вториот обид за убиство на Страхиња Стојановиќ е силно поврзан со убиството на познатиот адвокат Драгослав Огњановиќ, кој беше убиен со седум куршуми пред неговиот дом на „Нови Београд“ минатата година.