Група граѓани со хронични болести за кои Владата одлучи да се вртат на работа достави писмо со барања – да им се овозможи да седат дома или да работат од дома додека трае пандемијата со Ковид- 19. Писмото кое е веќе пристигнато во Влада го пренесуваме во целост :
ДО ГККШ
на Влада на Република Северна Македонија
Б А Р А Њ Е:
Почитувани,прво мора хронолошки да ги наведеме сите дејствија за да се добие некој увид во целта на нашево Барање и да ни овозможите истово да биде разгледано од страна на Владата и ресорните Министерства.
Врз основа на Мерките на Владата донесени на 15 тата седница одржана на10.03.2020 година, т.3 и т.20, како и 16 тата седница одржана на 11.03.202 година, т.8 на работодаваците се препораца:
– Вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10години за кого е неопходна грижа, еден од родителите да биде ослободн од работа и работни активнмости и неговото отсуство од работа за време на овој период да биде евидентирано како оправдано отсуство од работодавачот (т.3 од Олуката);
– Како и времено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица ( не одење на работно место и овие лица да останат во своите домови), (т.20 од Одлуката), како и самохраните родители.
Како резултат на погоре наведеното, а врз основа на Мерките на Владата на РСМакедонија донесени на 16 тата седница одржана на 11.03.2020 година т.1, т.7, и т.9 и тоа:
– Се утврдуваат следните категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа наприложена потврда од Матичен лекар за следниве состојби:
– Хронични респираторни заболувања;
– Тешки кардиоваскуларни заболувања;
– Дијабет Тип 1;
– Малигни заболувања;
– Имунокомпромитирачки состојби. (точка 1 од Одлуката).
-Во текот на изминативе 6 (шест) месеци, хронично болните лица врз основа на одлуката на Владата и Препоракит на Владата на Р.С. Македонија своите работни задачи ги извршуваа од дома кај кои тоа беше возможно,а останатите останаа дома почитувајќи ги сите мерки. Повеќето од хронично болните лица, сосема се дистанцираа од социјалните дружења и максимално ги почитуваа препораките на Владата и непотребно не излегуваа од своите домови. Пред се заради сопственото здравје, а понатаму и за да не го оптеретат и така кревкит здравтсвен систем на РСМ.
Треба да нагласиме дека сме благодарни на Владата на Р.С.Македонија и на Министерот Венко Филипче за оваа мерка и за грижата за нашето здравје.
Исто така сакаме да нагласиме и дека Владата на Р.С.Македонија е наш партнер ,а не противник со ш’Ќто длабоко се надеваме дека се подолу напишано ке земете во обзир и ќе ни помогнете да ја пребродиме оваа криза заедно,не заборавајќи дека и ние сме нечии деца и ние сме нечии родители и ние сме граѓани на оваа земја што сакаат да заработуваат и допринесуваат, но не по цена на сопственото здравје.
-Во текот на минатата недела на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на Р.С.Македонија ја усвои одлуката, хронично болните лица да се вратат на своите работни места,со исклучок за хронично болни лица за кои има извештај од специјалист за егзецербација на болеста,што за сите нас беше неочекуван удар и предизвика огромна паника и револт.
– Се постави прашањето како тоа 6 месеци бевме во ризична група на пациенти и тоа во период на пролет и лето со можност за движење надвор,со можност за проветрување,а сега кога идат поладни месеци и кога ке се затвориме по дома и на работните места,кога очекуваме и сезонски грип,повеке не сме ризични?Повеќето од хронично болните лица во моментот водат нормален живот, но и при најмал допир до вирусто Сарс Ковид 19, нивната состојба може да се влоши во многу краток период и истите да не можат да се изборат со болеста и да завршат фатално.
-За воља на вистината вие донесовте пролонгирање на таа одлука и наместо 14.09 оставивте простор за вракање на работа на сите што нема да обезбедат потврда или нов извештај да биде 23.09.2020.
-Тоа го наметна фактот да се здружиме во една граганска иницијатива и да го поднесеме ова барање со цел да се преиспита одлуката за вракање на работа на хроничните болни без разлика што нивната болест во моментот е во мирување. Се наметнаа многу прашања за кои вие делумно најавивте решавање,но сеуште се виси во воздух.
– Прво: ова е многу краток рок за обезбедување термини за прегледи кај Специјалистите затоа што термини реално нема или има за месец октомври.
-Второ: ние можеме да ви доставиме сведоштва од наши хронично болни кои не можат да дојдат до термин кај Специјалист,сведоштва на хронично болни кои биле на Специјалист и истиот дал извештај дека болеста во моментот е под контрола ама без никаква друга препорака,сведоштва на хронично болни кои и покрај вашата изјава дека датумот се пролонгира биле повикани од понеделник 14.09.2020 да се јават на работа или тој период до 23.09.2020 ако не бидат ослободени од Специјалист,а не се братиле на работа, ке им биде рачунат како годишен одмор или недај Боже отказ,сведоштва на хронично болни што едвај до продавница одат со маска,а не 8 или 12 часа да извршуваат работни обврски со маска.(се однесува на асматичарите и оние со дијагноза ХООБ).
-Трето: ние сме потполно свесни дека добиваме 100 посто плата,ама сме и свесни дека во моментот не сме активно болни,туку сме хронични болни кои живеат со болеста секој ден и се молат таа да не прогредира.Битен момент значи е и тоа како ние ке бидеме исплаќани,затоа што во моментот факт е дека овие боледувања не можат да се вметнат во досегашниот Правилник за начинот на пресметување на боледувањата, со оглед на фактот што во моментот тие не се со акутна болест, туку се хронично болни лица кои се карактеризирани како ризична група согласно Комисијата за заразни болести. И секако кој ќе ги исплаќа тие боледувања, дали како и досега до 30 дена работодавачот, а после 31 ден Фондот за Здравствено осигурување.
-Четврто:Свесни сме и за многу злоупотреби на меркава,па затоа предлагаме ревизија на сите ослободени хронично болни и ако истите се лажирани соодветно да се санкционираат.
-На крајот на краиштата ама по важност можеби и најбитно, Хронично болните лица сакаат да водат нормален социјален живот но поради Пандемија со Сарс Ковид 19 вирусот истите се обележани како ризична група која треба да се оддели од другото население, за да не дојде до преоптоварувае на здравствениот систем.Пандемијата со корона вирусот се уште е на сила, па оттаму и прашањето зошто ад хок се враќаат на работа.
-Дел од нашето барање е и да се регулираат овие потврди преку матичен лекар бидејќи матичните лекари во досиејата на хронично болните лица ја имаат комплетно историјата на болест за сите хронично болни лица.
Дополнително посетување на лекари специјалисти може да го зголеми ризикот од нивно заболување, а сведоци сме дека во изминативе 6 месеци термини за посета на лекари специјалисти воопшто немаше. Терапија се препишуваше онлине, дури и прегледи се извршуваа во телефонски консултации,а и за тоа имаме сведоштва од пациентите.
–Со овој допис ние БАРАМЕ да ги разгледате пак сите моменти и да ни излезете во пресрет со тоа што ќе ни се продолжи физичкото отсуство од работа на хронично болните лица со Потврдите од матичен лекар се додека трае Пандемијата со Корона вирусот, притоа тргнувајќи од почитување на основното право пропишано и во Уставот на РСМ – ПРАВОТО НА ЖИВОТ.
-Се надеваме дека како наши партнери и наша единствена подршка ке имате волља и доблест да го разгледате нашево барање и да ни овозможите можност за живот и после надминување на глобалнава криза.Во тек е и потпишување на електронска петиција за да се запазат мерките на превенција и истата ке ви биде накнадно доставена.
Со почит
Група на Граѓани -Хронично заболени лица на Р.С.Македонија