Од 8 до 15 јуни во Прилеп се одржи 53-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Иако без награда, претставата „Бог на масакрот “ на Штипски народен театар ги собра симпатиите на публиката.
-Јас сум презадоволен од тамошната изведба, слободно можам да кажам дека беше најдобра од сите кои претставата воопшто ги имала – изјави Никола Ристов, ВД директор на народен театар, Штип.
Повеќе среќа во однос на наградите Ристов очекува во Куманово.
Официјално имаме договорено настап на Фестивалот за комедија во Куманово, а таму ќе се претставиме со истата која се играше на „Гола месечина“, „Умри машки“- додаде ВД директорот на Народен театар, Штип.
А во меѓувреме додека се очекуваат фестивалски одговори се работи на две нови претстави: „Патувачкиот театар“ на Шопалович во режија на Билјана Радиновска и „Три сестри“ претстава зад која ќе се потпише Јован Ристовски.
На сцената на Народен театар – Штип оваа 2018 беа прикажани „Бог на масакрот“, „Амадеус“ и детската „Волшебната ноќ“
Ангела Пингова