Штипскиот театар се подготвува за фестивал во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/18 5:01 PM

Штипскиот театар се подготвува за фестивал во Куманово

 

Од 8 до 15 јуни во Прилеп се одржи 53-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Иако без награда, претставата „Бог на масакрот “ на Штипски народен театар ги собра симпатиите на публиката.

-Јас сум презадоволен од тамошната изведба, слободно можам да кажам дека беше најдобра од сите кои претставата воопшто ги имала – изјави Никола Ристов, ВД директор на народен театар, Штип.

Повеќе среќа во однос на наградите Ристов очекува во Куманово.

Официјално имаме договорено настап на Фестивалот за комедија во Куманово, а таму ќе се претставиме со истата која се играше на „Гола месечина“, „Умри машки“- додаде ВД директорот на Народен театар, Штип.

А во меѓувреме додека се очекуваат фестивалски одговори се работи на две нови претстави: „Патувачкиот театар“ на Шопалович во режија на Билјана Радиновска и „Три сестри“ претстава зад која ќе се потпише Јован Ристовски.


На сцената на Народен театар – Штип оваа 2018 беа прикажани „Бог на масакрот“, „Амадеус“ и детската „Волшебната ноќ“

 

Ангела Пингова