Регистрирани 108 новозаболени во Србија, Кризниот штаб ќе одлучува дали повратниците од одмор ќе одат во самоизолација – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/20 6:19 PM

Регистрирани 108 новозаболени во Србија, Кризниот штаб ќе одлучува дали повратниците од одмор ќе одат во самоизолација

Кризниот штаб на Србија утре треба да одлучи за задолжителна десетдневна изолација или ПЦР тест за повратниците кои се враќаат во Србија од летување.

Благиот пораст на новозаболени според Министерството за здравство се должи на тоа што голем број на граѓани се вратиле од одморите во Црна Гора и Хрватска.

Министерството упати апел до сите кои се враќаат да бидат солидарни и да го намалат своето движење седум дена откако ќе се вратат.

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 108 новозаболени а две лица починале.