Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека единствен начин за излез од политичката криза во Бугарија е владата да си поднесе оставка.
– Секоја влада мора да има редовен дијалог со граѓаните а не да ги преплавува со пропаганда за невиден успех. Владата треба да работи за да ги полни паричниците на граѓаните, а не да ги празни за да ги пополни своите, рече Радев.
Како што пренесува БГНЕС, Радев оценил дека времето за дијалог е изминато, а упорноста на владата само ја турка Бугарија во ќорсокак.
– Јас не прифаќам поддршка која има за цел да ја претстави кризата како конфликт меѓу претседателот и премиерот. Ова не е судир меѓу две лица и институции, ова е судир на народот со мафијашката влада, изјави Радев.