После добриот ручек или вечера вообичаено е добро чувството кога малку ќе прилегнете и поспиете, меѓутоа научниците предупредуваат дека тоа не е најпаметната одлука. Не сам што потоа ќе ви биде потешко да функционирате, туку може да се појави подждригнување и кошмари.
Кога хранат се вари во желудникот се ствараат киселини, а за да се олесни целиот овој процес би требало да се движите бидејќи тогаш течностите ке се спуштаат надолу. Додека сте легнати пак, киселината се движи низ желудникот и може да дојде во контакт со осетливиот горен дел на дигестивниот систем, особено ако прстенот кој ги разделува желудникот и хранопроводот е ослабен. Ова може да доведе до подждригнувања, чувство на печење во градите или грлото.
Пресвртот во метаболизмот доведува до поголема активност на мозокот па поради тоа може да ви биде потешко да заспиете. Откако ќе заспиете пак влегувате во РЕМ фаза кога најмногу се сонува, соновите би можеле да ги доживеете како многу реални, а неретко се случува и да имате кошмари.
Ако отидете да спиете веднаш по јадењето нема да потрошите ништо од калориите кои сте ги внеле и на тој начин лесно ќе се здебелите. Иако чувствувате потреба да се отспиете подобро би ви било да останете будни и да прошетате.
Нутриционистите велат дека за да спречите да се појават вакви проблеми , најдобро би било содржината од желудникот да се отиде до тенкото црево пред да преспиете, најверојатно тоа е отприлика три часа по оброкот.