Откако дел од Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ реагира – Мицкоски врши упад во туѓи партии само за да не поднесе оставка – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/20 2:35 PM

Откако дел од Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ реагира – Мицкоски врши упад во туѓи партии само за да не поднесе оставка

Откако денеска на заедничка прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот на Интерга, Воислав Зафировски,  објавија дека дел од раководството и членовите на Интегра преминуваат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ реагира дека сето ова Мицкоски го прави само за да не го исполни ветувањето за оставка по поразот на изборите.

– Пред само два месеци, на фер, слободни и демократски избори, Мицкоски и нереформираното ВМРО-ДПМНЕ добија јасна порака од граѓаните кои ги поразија нивните деструктивни политики.
Денес, Мицкоски врши упади во други политички партии само за да го прикрие фактот што не го исполни ветувањето дека ќе поднесе оставка ако не победи на изборите и ако не успее да состави влада.Наместо оставки и реформи, Мицкоски организира лицемерни протести на кои неговите приврзаници со скапи автомобили глумат загриженост за цената на струјата, а се со цел, да ја задржи фотелјата во Белиот дворец, велат од СДСМ.

Од таму најавата за формирање таканаречен опозициски блок е само уште еден во низата блефови на Мицкоски, бидејќи како што велат тој одамна ја нема поддршката од граѓаните, заради неговото незрело, неодговорно и деструктивно однесување.