По пријавата за сексуално вознемирување, ММА ѕвездата Конор Мекгрегор пуштен од притвор по 48 часа – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/20 1:39 PM

По пријавата за сексуално вознемирување, ММА ѕвездата Конор Мекгрегор пуштен од притвор по 48 часа

ММА ѕвездата Конард Мекгрегор заврши зад решетки поради случувања во бар на Корзика, каде беше уапсен за сексуално вознемирување.

Тој бил уапсен во четвртокот откако била поднесена пријава против него. Бил сослушан и му бил одреден притвор од кој како што наведува „Дејли мејл“ излегол по два дена.

-По жалбата поднесена на 10. септември во која постојат факти дека случката може да се окарактеризира како сексуално вознемирување, господинот Конор Мекгрегор беше предмет на сослучување, се наведува во соопштението од локалната полиција.

Францускиот весник „Ла Парисиен“ наведува дека инцидентот се случил ноќта помеѓу шести и седми септември во бар во Калви, северно од Коризика.

Од таму наведуваат и дека Мекгрегор конзумирал алкохол и се впуштил во „лошо однесување“ најверојатно со млада жена.

https://twitter.com/AFP_Sport/status/1304800600752820224?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1304800600752820224%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Findianexpress.com%2Farticle%2Fsports%2Fsport-others%2Fconor-mcgregor-arrested-sexual-assault-6593591%2F

Други детали се уште не се познати.