Икеа ќе ја отвори својата прва продавница за користен мебел (second-hand) во Шведска на крајот на годината, објави компанијата, најавувајќи целосна транзиција кон циркуларен бизнис до 2030 година.
Продавницата се отвора во првиот трговски центар „од втора рака“ во светот ReTuna, во градот Ескилстуна.
Икеа претходно најави дека ќе започне да изнајмува и рециклира мебел низ целиот свет, како дел од својата еколошка кампања за да одговори на критиките дека неговиот модел на производство на ефтин мебел произведува прекумерна потрошувачка и создава големи количини отпад.
Компанијата ќе се обиде да го намали влијанието врз климата во просек за 70 проценти по производ до 2030 година и веќе започна со поправка и препакување на производите што се оштетени во транспортот. Исто така, ќе им овозможи на клиентите да враќаат производи, вклучително и мебел, кои повторно ќе бидат ставени на продажба или донирани во добротворни организации.
Во 2019 година, Икеа започна пилот проект за изнајмување мебел на некои пазари.