Крвнички претепа момче додека луѓе немо гледаат (вознемирувачко видео) – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/20 9:28 PM

Крвнички претепа момче додека луѓе немо гледаат (вознемирувачко видео)

Видео што се појави на социјалните мрежи ја згрози српската јавност. Маж во Нови Сад брутално тепа млад човек, нанесувајќи му тешки телесни повреди. При тоа, луѓе немо гледаат. Пошироката јавност дозна за случајот кога на социјалните мрежи се појавија вознемирувачки снимки од безбедносните камери, што го покажува овој инцидент.
Жртвата паѓа во бесознание, по што напаѓачот не запира. На видеото се гледа како луѓето во прво време се обидуваат да го запрат насилството, но потоа отстапија кога напаѓачот им се закани. Исто така, се гледа дека еден човек, кој стои настрана, спречува еден млад човек да го запре ова насилство со тоа што налета на него и го оттурна. Може да видат и мажи кои ладнокрвно минуваат покрај нив, некои од нив љубопитно „зјапаат“ за што станува збор. Никој не реагира.
На крајот, напаѓачот му ги крши двете раце на момчето во бесознание, свиткувајќи ги преку коленото.
Откако снимката вчера се рашири по социјалните мрежи, беше објавено дека настанот се случил на 24 август, додека сторителот е недостапен за полицијата. Со помош на граѓаните, полицијата го идентификувала, меѓутоа, не и’ е достапен, Неофицијално, според сропските медиуми, 30-годишниот Иван Контиќ, успеал да избега во Црна Гора.
Под притисок на јавноста за состојбата на претепаното момче се огласи Клиничката болница во Нови Сад:
“Пациентот М.М. (28) беше примен во Ургентниот центар на 24 август во вечерните часови со тешки телесни повреди: фрактура на подлактицата, повеќе повреди на меките ткива на главата и лицето, градниот кош и карлицата. По итен, навремен дијагностички протокол и нега, пациентот по неопходната болничка нега, е пуштен на понатамошно домашно лекување “, се наведува во соопштението на КЦВ.