Основното јавно обвинителство од Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.
Во соопштението од Основното јавно обвинителство изнесени се детали за свирепото убиство, по што сторителот, сопруг на жртватам се дал во бегство.
-Осомничениот 67-годишен гостиварец, на 9 септември, при вршење семејно насилство, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Тие подолг временски период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден осомничениот влегол во дневната соба со секира во рацете и на оштетената и задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа од кујната зел нож и со него и задал повеќе убоди во стомакот. Откако се уверил дека ја убил, излегол од куќата и најпрвин со велосипед, а потоа и пеш се упатил во правец на Сува Гора. Извесно време бил во шумата над селото Страјане, но потоа се симнал на патот, каде бил фатен и лишен од слобода од овластени полициски службеници.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.