Николовски за луксузните возила на протестот на ВМРО ДПМНЕ и пораките „Народот нема леб“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/20 8:30 PM

Николовски за луксузните возила на протестот на ВМРО ДПМНЕ и пораките „Народот нема леб“

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски во телевизиско гостување беше прашан за протестот против поскапувањето на струјата и дефелирањето низ улиците на Скопје со автмобили, вклучувајќи ги и луксузните возила што беа коментирани во јавноста.
-Точно е дека имаше два автомобили што ги видовме на социјалните медиуми, но точно е дека имаше стотина други автомобили што се подпросекот во Македонија, што говори каква е економската ситуација во државаата. Ова што е уште поваќно, не добиме одговор од Регулаторната комисија за цената на стријата, не бевме ни удостоени како пратеници со средба со претседателот на таа комисијата што треба да дава отчет пред Собранието, одговори Николовски за Канал 5.
На црвен спортски мерцедес, што беше дел од колоната од протестот, стоше залепена порака „Заев полни џеб народот нема чеб“, што го коментираше Андреј Жерновски.
-Драги политички противници, едно конструктивно прашање до вас: Кој ви предложи да лепите плакат со содржина „Народ нема леб” на луксузно АUDI A8 4,2 TDI, кое чини 140.000 евра? Како мислите со вакви лимузини да му докажете на македонскиот граѓанин дека навистина ве интересира неговата судбина и дека, цитирам, ја делите неговата мака?!? Или и овој со Mercedes-ов нема леб?“, пишува Жерновски.

фото: ФБ Мери Јордановска