Наместо градинки Општината Ѓорче Петров ни поставува 17-катен ѕид – реагираат ѓорчепетровци – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/20 4:45 PM

Наместо градинки Општината Ѓорче Петров ни поставува 17-катен ѕид – реагираат ѓорчепетровци

Со блокада на улицата и пораката „Стоп за урбаната мафија“, жителите на Општината Ѓорче Петров го искажаа својот револт од најавата дека ќе никне седумнаесеткатница во местото Јурија. Според нив, никнува бетонски ѕид од 58 метри, во кој ќе се населат 3000 нови жители.

-Две недели се обидуваме да добиеме одговор на нашите барања од општината и две недели добиваме молк. Јавно го прашуваме градоначалникот Александар Наумовски дали се потрудивте да ги информирате граѓаните на ова населено место за овој променет ДУП и што ќе се прави тука. Дали воопшто одржавте јавни настапи за предметниот мафијашки урбан план донесен експресно по ваша нарачка?, праша Борис Шамбевски.

Насобраните најавија дека протестите ќе продолжат. Побараа да се ревидира детелниот урбанистички план СЗ24 Јурија Дексион, преку намалување на висината и габаритот на планираните згради.

– Еднаш ова место го одбранивме. Ќе го одбраниме уште еднаш. Тоа нека им биде јасно на сите, вели жител на општината, рекоа насобраните.

Граѓаните реагираат дека на само 150 метри од  Вардар и Матка од каде што доаѓа свеж и чист воздух ќе никне ѕид од 17 ката, наместо  да се изградат градинки, кои се неопходни на младите семјества со мали деца.

Општината смета дека протестот е политички инструиран. Во врска со најавената зграда е во согласнот со усвоениот ДУП, но Одобрение за градба се уште не е дадено.

– Зададена е височина од приземје до приземје и 17 нивоа, при што максимално дозволената бруто развиена површина за градење условува дека со П + 17 може да биде изведен само мал дел од површината. Всушност, ова е планска одредба со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите со разиграни денивелирани површини и волумени, соопштија од општината.