Пријавен во полиција градоначалникот на Боговиње поради закани кон жител на Мала Речица – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/20 2:42 PM

Пријавен во полиција градоначалникот на Боговиње поради закани кон жител на Мала Речица

МВР во полицискиот билтен регистрира случај на закана, во кој е пријавен градоначалникот на Општина Боговиње.

-На 11.09.2020 во 11,00 часот во Полициското одделение Камењане, Ј.И.(39) од с.Мала Речица-тетовско пријавил дека неговиот брат И.И. бил повикан во објектот на општината Боговиње каде градоначалникот А.Џ. му упатил закани, а во врска со истиот случај по телефон на И.И. му се јавил и полицискиот службеник К.А. и му упатил закани. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштува МВР.