Мадуро: „Заробивме американски шпион додека ги набљудуваше рафинериите“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/20 10:42 AM

Мадуро: „Заробивме американски шпион додека ги набљудуваше рафинериите“

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, соопшти дека уапсиле американски шпион во подрачјето на рафинеријата за нафта во северозападниот дел од земјата, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Претседателот Мадуро во врска со апсењето на шпионот даде изјава за медиумите.

„Вчера заробивме американски шпион додека ги набљудуваше рафинериите „Амуај“ и „Кардон“ во државата Фалкон“, рече Мадуро.

Тој, не откривајќи го името на уапсеното лице, рече дека станува збор за маринец на должност во базата на ЦИА во Ирак, кој носел напредно оружје и пари.

Исто така изјави дека Обвинителството започнало истрага и дека тие внимателно ќе го следат процесот.

Во Венецуела, во мај започна судир меѓу безбедносните сили и група со глисер во крајбрежен град, на 45 минути од главниот град Каракас. Во судирите загинаа осум лица, а двајца Американци беа приведени.

Администрацијата на Мадуро тврдеше дека зад инцидентот стојат властите на САД и Колумбија. Двете земји го отфрлија тврдењето на Мадуро.