Ошто е познато дека на автопат е строго забрането полукружно свртување, па ако го промашите излезот мора да продолжите до следниот, а потоа да се вратите на автопатот во спротивна насока. Но, има и возачи „чесни“ исклучоци, кои ја загрозуваат и својата и безбедноста на другите, па дури се вози и во спротивна насока.
Сепак,овој возач на „сузуки“ во Кина е раритетен пример. Откако го промашил излезот, здогледал пешачки мост и добил идеја како да се „врати во нормала“.
Егзебицијата на штедливиот Кинез на автопатот не останала незабележана од полицијата. Казнет е со парична казна и со времено одземање на дозволата.