Полициски службенци била нападнати од гостиварец додека вршеле службена должност.
Триесет и тригодишниот гостиварец Д.К, вчера попладне околу 12 часот и 50 минути, на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, најпрво им давал активен отпор на полициските службеници а потоа физички ги нападнал додека тие превземале мерки и активности за негово лишување од слобода. При нападот, Д.К. им нанесол видливи повреди, по што е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, информира СВР Тетово.
Непосредно пред тоа, на улица „Илинденска“, исто така, во Гостивар, ДК со репетирано огнено оружје ( пиштол ) од совозачко седиште на возило му се заканил по живот на 45-годишниот гостиварец С.Т, вработен во Агенција за обезбедување, кој пешки се движел кон градскиот плоштад, а потоа со возилото брзо се оддалечил од местото. Се работи на целосно расветлување на сите поединости поврзани со двата случаи.
Полицискиот билтен бележи и сообраќајка во која е повредена 22 годишна жителка на Гостивар, додека се движела на улица Боге Велјановски во Гостивар. Таа била удрена од возило „Форд ескорд“ што без возачка дозвола го управувал 15-годишник од Гостивар. Од удирањето, гостиварката задобила телесни повреди, со друго возило пренесена е во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар.
Зоран Димовски