Колку пати сте сакале да земете или да направите нешто, но кога ќе посегнете по тоа да се запрашате што всушност, сте сакале? И младите луѓе може да се „изгубат“, но вината за тоа не е во нив, туку темпото на живот. Возиме автомобил додека со мислите, којзнае каде сме. Купуваме намирници, додека ментално талкаме низ утрешниот распоред. Колку меморија имаме? И кога ќе ја потрошиме како да ја надоместиме?
Не грижете се, постои трик со кој можете да го реорганизирате вашиот живот. Поставете си ги следните пет прашања и одговарајќи ги ќе забележите дека се менува начинот на кој размислувате во вашето секојдневно функционирање.
Што сакам денеска да направам?
Кога ќе се разбудите од спиење, дочекајте го денот со ентузијазам и искреирајте го. Ова уште од старт ќе ви донесе мир бидејќи набрзина ќе „поминете“ низ обврските и желбите што се врзани за тој ден. Сакате да бидете попозитивни или да се поставите подобро кон некој проблем? Сакате другите да се чувствувате добро и да бидете личноста која семејството и пријателите ја сакаат покрај себе? Сакате да бидете добрнамерни кон луѓето, или праведни, строги и затворени? Војникот никогаш не оди на бојно поле доколку не е свесен за што се бори и што сака. Овозможете си себеси момент кога ќе зборувате сами со себе, а кога ќе донесете одлука за „освојуватњето“ на денот држете се до таа одлука.
Зошто и поради кој ќе го направам тоа?
Дури и кога извршувате секојдневни мали обврски, бидете сигурни дека тие се дел од вашата поголема слика, дека се’ што правите, правите потпирајќи се на сопствената интуиција. Одеете цврсто и самоуверено кон своите цели. Зошто се уште работите во истата фирма? Дали причината е тоа што уживате во својата работа или се плашите да пробате нешто друг? Кога ќе се запрашате зошто правите нешто, работите веднаш ќе се искристализираат и ќе ви бидат појасни. Исто така, тоа ќе ви даде причина да изанализирате дали патот по кој чекорите е вистинскиот.
Зошто ја јадам оваа храна?
Важно е како функционира вашиот ум на трпезата. Негативната енергија може многу да „изеде“. Кога ручате, ручајте свесно и нема да се прејадете. Водете сметка за здравјето и вашето тело воопшто. Храната нека биде гориво што ќе ви даде енергија, но и ќе ви помогне да се чувствувате посреќно и посвежо.
Што делам со луѓето?
Независно дали зборуваме за некоја ситуација што сте ја доживеале со пријателите или разговор со партнерот, запрашајте се што е тоа што го делите со луѓето кои ги сакате. То значи кои идеи и соништа ги споделувате кога сте во друштво со нив, во кои приказни ги вклучувате и каков став заземате кога ги споделувате своите размислувања. Дали сте личност која вие самите би сакале да ја запознаете? Што што го давате и ви се враќа. Затоа, бидете среќни, насмеани и грижливи. Зборувајте со пријателите, тоа ќе ви помогне да бидете поблиску д вашите цели, а останатите ќе бидат охрабрени да ве инспирираат.
За што чувствувам гордост?
Што од она што напрвивте денеска ве прави горди? Во светот има доволно негативни, лоши работи. Затоа е важно секој ден да правите по нешто на што ќе бидете горди. Работи поради кои самите на себе ќе си кажете дека сте направиле нешто одлично. Покажете благодарност за добрите моменти што се случиле во текот на денот. Славете ги своите победи, без оглед на тоа колку се мали.
Извор: sensa.hr