Се’ повеќе ученици се запишуваат во средните стручни училишта во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/18 1:39 PM

Се’ повеќе ученици се запишуваат во средните стручни училишта во Тетово

Се повеќе ученици се запишуваат во средните стручни училишта во Тетово. Образовните политики на Општина Тетово доведоа за четири години бројот на запишани ученици во Средното стручно училиште Моша Пијаде да биде зголемен за двојно.

Шеесет проценти од вкупната бројка на ученици се запишуваат во средните стручни училишта во Тетово, останатите своето образование го продолжуваа во општите смерови.

Овој тренд е во раст благодарение на строгите уписни политики на Општина Тетово преку кои образованието го насочувааат спрема потребите на пазарот на трудот.

Колку за пример во последните четири години бројката на запишаните ученици во Средното стручно училиште Моша Пијаде се зголемила двојно.

Но и учениците кои завршуваат средно стручно образование тешко доаѓаат до работно место покажува искуството.

Познавачите на приликите велат дека во Македонија додека трае образовниот процес , потребна е поголема соработка на училиштата со бизнис секторот кои ќе вршат обука на средношколците, за да можат полесно да најдат работа на пазарот на трудот.

Со цел полесно доаѓање до работно место, Швајцарската амбасада започна проект наречен Образование за вработување во Македонија.

Проектот ќе трае десет години, а главна цел е да ја подобри соработката на бизнис секторот со средните стручни училишта, за да можат на учениците да им биде подостапна практичната настава и на побрз начин да се стекнат со вештини, кои се бараат на пазарот на трудот.

 

Зоран Димовски