На лице место како краде во продажен објект во Виница, утрово бил фатен триесет и деветгодишниот Џ.А. од Кочани.
Тој се обидел да побегне , но паднал и ја повредил ногата.
„На 11.09.2020 во 02.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Виница на градскиот пазар во Виница го затекнале Џ.А.(39) од Кочани при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од продажен објект. Покрај издадената наредба да застане, Џ.А. се обидел да побегне при што паднал и се здобил со повреда на левата нога“, информираат од СВР Штип.
Од екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница и по расчистување на случајот против Џ.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.