Словенка осудена на две години затвор зашто си ја отсекла раката за да земе осигурителна отштета – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/20 9:51 AM

Словенка осудена на две години затвор зашто си ја отсекла раката за да земе осигурителна отштета

Поради обид за измама на осигурителни компании, Словенката Јулија Адлешиќ е осудена на две години затвор, нејзиниот партнер Себастиен Абрамов на три години, неговиот татко Горазд Цолариќ доби една година условен затвор, а мајка му Тинка Хускиќ Цолариќ е ослободена, пишува „сиол.нет“, а пренесува „Вечерњи“.

Како што пренесовме деновиве, во судот во Љубљана, обвинителот Седин Кичин предложи судот да ја осуди првообвонетата Јулија на 4,5 години затвот, нејзиниот партнер Себастиен Абрамов на пет години, неговата мајка Тинка Хускиќ Цоларич на четири години, а нејзиниот сопруг Горазд Цоларич на една година затвор.

Јулија во јануари 2019 година си ја отсекла шаката одаше левата рака. Таа тврди дека се работи за несреќен случај кога сечела гранки со електрична пила, додека Обвинителството смет дека таа тоа го сторила намерно за да добие надоместок од осигурувањето. На тоа ја наговорил Абрамов, а во измамата, според Обвинителството, биле вклучени и неговите родители. Абрамов, непосредно пред повредата, договорил животно осигурување и осигурување во случај на несреќа на Јулија кај пет осигурителни друштва.

Според обвинителот, требало да земе најмалку 1,22 милиони евра отштета во случај на инвалидност. Тој пред судот истакнал и оти обвниненито го потврдиле и мислењата на медицинските и машинските вештаци оти Јулија се повредила намерно.