На социјалните мрежи се појави снимка направена на непозната локација во САД која покажува голем портокалов објект во облик на диск приврзан за камион. Еден од теоретичарите на завери што се занимава со прашањето на вонземјаните тврди дека се рабои за неидентификуван летачки објект што доаѓа од вонземјаните.
Иако на сликите објектот наликува на шатор или тенда, „ловецот на вонземјани“, Скот Варинг, е категоричен дека се работи за НЛО, кој излегол од рамнотежа. Додава и оти вонземјаните го дале на американската војска, која сега го транспортира на сигурно место за да го тестира, односно леталото најверојатно ќе завршело во „подрачјето 51“, кое теоретичарите на завери го смтаат како база за скривање докази за постоење на воземјаните, па дури и оти таму има вонземјани.