Кандидатката за претседател на последните избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја ,која на претседателските избори освои околу десет отсто од гласовите, и опозицискиот Координативен совет се единствени легитимни претставници на Белорусија, се наведува во резолуцијата што ја усвои литванскиот парламент.
Во докуменот се повикува и меѓународната заедница на таков чекор, се’ додека во Белорусија не се одржат „нови, транспарентини претседателски и парламентарни избори во Белорусија“.
Белорускиот претседател Лукашенко, пак, вчера изјави дека нема намера да се откаже од власта.