Денеска дури два протеста во Скопје против поскапувањето на струјата – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/20 8:15 AM

Денеска дури два протеста во Скопје против поскапувањето на струјата

Два протестни марша против поскапувањето на струјата се најавени за денес поплдне во Скопје. Игор Јанушев вчера на прес-конференција најави нов протест на ВМРО-ДПМНЕ за попладнево против поскапувањето на струјата. Како што речеј, протестот ќе почне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија. Протестот ќе почнел пред „Палома бјанка“. Првиот од низата најавени граѓански протести ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата.

И Конфедерацијата на синдикални организации за денес, од 18 часот, најави протестен мото-синдикален граѓански марш што ќе тргне од „Чаирчанка“ и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.