За голема глупост плати 1.000 евра глоба – На Французин му преседна одморот на Сардинија – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 9:01 PM

За голема глупост плати 1.000 евра глоба – На Французин му преседна одморот на Сардинија

Француски турист мораше да плати казна од 1.000 евра, откако се обиде во својот багаж да земе повеќе од два килограми локален песок од островот Сардинија.  Неименуваниот маж бил приведен на аеродромот Каљари Елмас на 1 септември откако кај него биле пронајдени шишиња полни со песок, пренесува Си-Ен-Ен.

Белиот песок на италијанскиот остров е заштитен со закон, а туристите се соочуваат со парични казни, па дури и затвор за крадење од локалните плажи.

Во 2017 година беше воведен локален закон на Сардинија, со кој се забранува изнесување на песок од тамошните плажи. Санкциите за кршење на овој закон се движат од 500 до 3000 евра, во зависност од количината на песок или од каде е украден. Законот беше воведен кога инцидентите станаа почести и попроблематични. Минатата година полицијата најде веб-страница која продава песок од плажа како спомен.

Јавноста исто така беше повикана да ги извести властите доколку види туристи што се мијат или ператво морето.

Минатата година полицијата заплени 40 килограми песок од француски пар кој го посетил островот. Еден британски турист беше казнет и со повеќе од 1.000 евра во 2018 година кога властите пронајдоа песок од плажа во близина на северниот град Олбија.