(Видео) „Апокалиптично“ портокалово небо над Сан Франциско – шумските пожари беснеат низ Калифорнија – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 4:59 PM

(Видео) „Апокалиптично“ портокалово небо над Сан Франциско – шумските пожари беснеат низ Калифорнија

Заливската област на Сан Франциско  заличе на сцена од „апокалиптичен“ филм.

Поради големите шумски пожари кои беснеат низ Калифорнија, жителите на Заливската област се разбудија со портокалово небо, исполнето со густ чад и пепел, иако пожарите биле на 200 милји од таму.

Досега во големите шумски пожари во Калифорнија загинаа десетина лица, а  илјадници се евакуирани од своите домови.