Тетовскиот зелен пазар е преполн со продукти. Граѓаните кои го посетија пазарот велат дека дошле да купат зеленчук и овошје за дневни потреби. Голем дел од нив пак истакнаа дека нема да прават зимница.
Традиционалните култури веќе ги има во изобилие, а тетовци се задоволни од понудата. Дел од нив беа дојдени да купат продукти за зимница, некои пак велат дека годинава нема да прават, затоа што се’ има готово по маркетите.
Пазарџиите и натаму се жалат дека е намален прометот.
Денеска во Тетово е пазарен ден, но свеж зеленчук и овошје има во текот на целиот ден.
Зоран Димовски


