Против поскапувањето на струјата ќе се маршира и овој петок – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 3:26 PM

Против поскапувањето на струјата ќе се маршира и овој петок

Протестни маршеви против поскапувањето на струјата се најавени и овој петок (11 септември), со почеток во 18 часот во Скопје. Тргнуваат од две локации: Жена парк и Паркот во Чаир, па оттаму ќе се маршира до Владата на РСМ.

Со маршот, како што стои во најавата, уште еднаш ќе се изрази револтот од поскапувањето на струјата, дополнителното осиромашување на граѓаните, но ќе се каже „НЕ за екстрапрофити на капиталистите и за вработувањето партиски кадри на наш грб!“.

Со протестниот марш се бара итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија, но и Владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика при што би се формиралое независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги, Владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација, намалување на цената на електричната енергија за 46 %, но и раскинување на договорот со ЕВН, како дистрибутер на електрична енергија.

Цената на струјата е покачена од месец август, за повеќе од 7%.