Штипската Полиција морала да интервенира за да ги раздвои штипјаники чија вербална расправија прераснала во физичка пресметка. И двете ќе заработат кривична пријава.
„На 09.09.2020 во 16.33 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 15.40 часот на ул.„Каваклија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(41) и Б.Г. двете од Штип,“ информираа од полиција.
По комплетирање на случајот против А.С. и Б.Г. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.