Русковска: Парите од отштетата ќе ги донирам ако ја добијам тужбата против ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 12:58 PM

Русковска: Парите од отштетата ќе ги донирам ако ја добијам тужбата против ВМРО-ДПМНЕ

10.000 илјади евра отштета кои ги бара од ВМРО-ДПМНЕ,  ако ги добие на суд, ќе ги донира во хуманитарни цели, изјави денеска шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Таа појасни  дека побарала извинување од партијата и повлекување на спотовите во изборната кампања, но откако тоа не се случило, поднела тужба.

– Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, сакам да го донирам во СОС Детското село – изјави Русковска.

Бидејќи партијата го користела нејзиниот лик за време на предизборната кампања, Рускоска поднесе тужба пред граѓанскиот суд и бара оштета од 10.000 евра.