Жестока дебата за предлог-одлуката Општина Куманово да се задолжи eден милион евра – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 12:40 PM

Жестока дебата за предлог-одлуката Општина Куманово да се задолжи eден милион евра

Општина Куманово планира да се задолжи еден милион евра со кои ќе набави опрема за јавните претпријатија, на што денеска на седницата на Советот, остро реагираше опозицијата.

Станува збор за домашно задолжување кое ќе се оствари преку договор за пдозаем преку Министерството за финансии, а преку повик за подобрување на општинските услуги со заем од Светска банка.

Како што инфорираше координаторот на проектот Маја Петровска од Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции при Општина Куманово, со средствата е предвидено да се набават камион ровокопач за ЈП „Водовод“, набавка на опрема за изнесување на отпад, трактор со приколка и работна машина за „Чистота и зеленило“, опрема за зимско одржување на сообраќајници – три возила со плугови со соларка за фрлање сол и ризла, а кои ќе бидат исто така за комуналното претпријатие.

Од друга страна ЈП „Куманово паркинг“ ќе добие ново пајак возило за отстранување на непрописно паркирани возила, а предвидена е набавка и на машини и опрема за „Куманово гас“ со цел ширење на гасоводната мрежа во градот.

– Спроведувањето на овој проект ќе обезбеди значителна придобивка за подобар стандард и услови за живот, финансиската анализа е позитивна, а економската анализа е со позитивни фактори, што значи дека проектот е прифатлив и подложен за имплементација. Спроведувањето на проектот ќе генерира дополнителни приходи и заштеди, а набавената опрема ќе донесе нови услуги на јавните претпријатија за граѓаните, рече Петровска образложувајќи го проектот.

Како што појасни таа, износот на заемот е 63 милиони денари, каматна стапка од еден проецент, а рок на отплада од 13 години.

– Набавката на 12 возила носи повеќекратни економски придобивки, зголемени приходи на јавните претпријатија, проширување на гасоводна мрежа, хигиена и подобрување на сообраќајна култура, потенцираше Петровска.

Сепак, опозицијата беше гласно против задолжување во време на корона кризата. Советникот Драган Петковски рече дека е неспорно да се набават технички средства за јавните претпријатија, но вели долгорочното задолжување е ризично.

– Неспорно е дека состојбата во јавните претрпијатија во општината со основни средства не е добра. Јавните претпријатија или не располагаат со доволно основни средства или со тие што располагаат се дотраени, амортизирани, па овие претпријатија мака мачат да ги извршат секојдневните задолженија и неопснорно е дека треба да се најде начин оваа состојба да се промени. Меѓутоа се поставува прашањето дали избраниот модел е најсоодветен за такво нешто и дали времето во кое се предлага е соодветно. Сите знаеме во каква кризна состојба се наоѓаме, состојбата се менува од ден на ден, неблагодарно е да прогнозираме што ќе се случува утре или по една недела, а камоли што не очекува после месец или година дена или по неколку години. Мислам дека во овој момент да се врши задолжување со рок на враќање од десетина години е во најмала рака ризични и непромислено, рече Петковски.

За советникот Зоран Петрушевски, спорно е тоа што не била одржана јавна расправа на оваа тема, која како што истакна е предвидена со закон.

– Во Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа, првин во членот 18 се вели дека општината може да се задолжи, член 19 вели дека може да се задолжи краткорочно, а 20 вели може да се задолжи догорочно. И има прв став од тој закон каде се вели општината може долгорочно да се задолжува само ако отплата на долгот се врши во еднакви или опаѓачки ануитети, клучен за мене е став два кој вели дека Советот го одобрува долгорочното задолжување по претходно одржана јавна расправа во општината. На јавната расправа се опишува проектот и се објаснуваат услови за негово финансирање, а како се одржува јавна расправа, тоа е опишано во деловникот за работа на своетот, кое вели советот самостојно на предлог на градоначалникот или кога е тоа предвидено со закон ќе донесе заклучок за организирање на јавна расправа по нацрт одлуки или други акти. Кога е предвидено со закон јавна расправа мора да има, а како се организира е предвидено во деловникот, моментот кога почнува расправата е дека советот донесува заклучок за отпочнување на јавна расправа, рече Петрушевски.

Спорен за Петрушевски е и грејс периодот од три години, односно период во кој нема да се плаќаат обврските. Тоа, вели опозицискиот советник, ќе треба да го отплаќа некоја нова политичка гарнитура и некоја нова генерација.

Форуми за темата, како што рече Маја Петровска од Секторот за за меѓународна соработка и евроинтеграции, се одржани во 2019та година, а во меѓуврем се направени опсежни анализи на проектот.

– Имавме четири форуми на заедници каде беа мапирани проблемите за социјална инклузија, во тој период се наметна потребата да се има ваква јавна дебата, каде пристпаивме со покани, имаше мал одзив, но имаше дебата. Самото задолжување неколку пати беше споменато на седниците каде имаше и најава дека пристапуваме кон еден ваков тип на задолжување, рече Петровска.

Деталната финансиска анализа и анализа на економска исплатливост е веќе направена, рече Петровска, која појасни дека ЈП „Водовод“ има еден ровокопач кој 74% од времето е неисправен што ја отежнува работата на претприајтието.

– Побаравме информација со каков тип механизација располагаат, околу 30 години стари возила, во контиунитутет се на поправка, а самиот ровокопач ќе допринесе едно вработување ако е потренбо, но со оглед ека има 304 вработени мислиме дека нема да има потреба, изјави таа.

Околу 15 милиони денари годишно ја чини општината чистењето на патиштата од снег, а новата механизација за таква потреба чини 30 милиони денари.

– Опремата за чистење на снег ја оправдува набавката, како општина средствата ги даваме на економски оператори избрани преку јавна набавка и износот на годишно ниво е 15 милиони денари, набавката е 30 милиони, тоа е две до три години. Чистота и зеленило ќе стопанисува со таа опрема и во летните периоди кога нема да се во функција на чистење на снег, ќе можат да нудат и други услуги. Чистота и зеленило работи во четири зони, но не е сто посто прокеиноста на услугите кои што ги нуди. Опремата која е за одржување на хигиена во градот, ќе допринесе да се зголеми опсегот на реоните на општината, појасни Петровска.

ЈП „Куманово гас“во моментот нема никаква опрема, што ја отежнува работата, вели петровска, која рече дека анализата покажала оти претпријатието пристапува кон приклучок на други правни субекти во овој период.

– На општата болница Куманово што ќе донпринесе за 63 метри кубни гас или двојно зголемување на потребите и побарувањата на гас, а со тоа и рабтењето на „Куманово гас“ кое изминатите три години има оставрено профит, иако во  моемнтот сметката им е во негатива. Со набавка на трите возила кои ќе бидат основни оперативни, се очекува исплатливоста да биде во краотк рок, за 10 години се очекува сите правни субјекти и домаќинствата да се приклучат на гас, а за тоа е потребна основна опрема, појанси таа.

ЈП „Куманово паркинг“, според анализата е единствено претпријатие кое во 2019 година нема позитива, а тоа делумно поради старото пајак возило кое е од 1995 година и често е расипано. Новото возило ќе се користи за подигање на непрописно паркираните возила, а старото ќе биде како резерва.

Според Градоначалникот Максим Димитриевски оваа предлог одлука не треба да се политизира и никој не бега од дебата.

– Не треба да се политизра ваква одлука и не треба да се инсинуира со граѓаните, имаме на дневен ред седници за квартални и годишни извештаи за јавните претпријатија па отварате дискусија, коренктно е ако ги отворате сега темите, ќе ги повикаме директорите јас не бегам од дебата, таа сосотјба Максим Димитриевски со овој менаџерски тим ја затече и ја саниравме драстично. Денеска општината не должи на никој, тековно што должиме имаме на сметка и можеме да вратиме се. На нула сме со долговите, тоа во историјата никогаш не било. Јас со мнозинството во советот и со тие менаџери успеавме да ја доведеме до тоа ниво општината. Да водиме суштинска дебата, а не да политизираме, порача градоначалникот.

Во моментот советниците се на пауза и се очекува дебатата да продолжи.