Во индиската држава Одиша дојде до оружен судир меѓу маоистичките бунтовници и безбедносните сили. Во судирот животот го загубија петмина бунтовници и двајца припадници на индиските специјални сили „Командоси“, пренесува Анадолија (АА).
Според веста што ја објави весникот „Индијан експрес“ (Indian Express), во подрачјето Калаханди во државата Одиша во шумскиот предел дошло до оружен судир меѓу безбедносните сили и маоистите.
Во судирот животот го загубиле двајца командоси и петмина маоистички бунтовници, меѓу кои една е жена.
Во државата Чатисгар на 22 март дојде до оружен судир со маоистичките бунтовници во кој животот го загубија 17 припадници на безбедносните сили.
Маистичките бунтовници кои се инспирирани од кинескиот револуционерен лидер Мао Це Тунг, од 1967 година досега во голем број држави во северниот, источниот и централниот дел на Индија спроведуваат оружени акции. Маоистичките бунтовници тврдат дека се борат за повеќе права на племињата и сиромашните во земјата.
Според податоците што ги објави порталот за тероризмот во Јужна Азија, во судирите меѓу безбедносните сили и маоистичките бунтовници од 1999 година досега животот го загубиле над 14.000 лица, од кои 8.000 цивили.