Поплавите во Нигер одзедоа 65 животи – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 11:08 AM

Поплавите во Нигер одзедоа 65 животи

Поројните врнежи од дожд во Нигер предизвикаа поплави во кои животот го загубија 65 луѓе, пренесува aгенцијата Анадолија (АА).

Според вестите објавени во локалните медиуми, Министерството за хуманитарна помош и управување со катастрофи соопшти дека во подрачјата Маради, Тахоуа, Тилабери, Досо и главниот град Нијамеј, од поплавите се погодени 329.958 лица.

Поплавите уништија 34.000 куќи, а од обработливото земјиште поплавени се 5.768 хектари.

Со почетокот на месец јуни во Западна Африка започнува сезоната на дождови која трае до септември.

Оваа година, покрај Нигер, поројните врнежи од дожд ги зафатија и државите Буркина Фасо и Сенегал, предизвикувајќи поплави.

Во Сенегал на 5 септември врнежите од дожд беа поголеми од вкупното количество дожд што паѓа во тримесечната сезона на дождови (јули – септември), предизвикувајќи поплави во кои животот го загубија 6 лица.