Бројот на слонови во Кенија за три децении се зголеми за повеќе од двојно. Во 1989 година во таа африканска земја имало 16.000 слонови, за сега да има повеќе од 34.000, објавија кениските власти.
Леганиот лов на слонови во Кенија е забранет во 1973 година, но криволовот не престана. Потоа значително се зголемија казните, а максималната е дожовотен затвор, што придонесе за подобрување на состојбата. Во 2018 година во Кенија биле убиени 80, лани 34, а досега во 2020 – седум слонови.