Ноќни стражи за заштита од дивите свињи: Во неволја и земјоделците и туристите – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 9:33 AM

Ноќни стражи за заштита од дивите свињи: Во неволја и земјоделците и туристите

Ако патот случајно ве нанесе во општината Сребреница, Босна и Херцеговина, вниманието ќе ви го привлечат многубројните огнови, човечко викање, тропање на разни метални предмети…  На тој начин земјоделците ги чуваат пченката, компирот и другите земјоделски производи на нивите од диви свињи. Такво нешто се случува во последните години од средината на летото до доцна есен, додека не се соберат плодовите (ако нешто остане од дивите свињи), пишува сараевски „Аваз“.

„Дивите свињи од ноќ во ноќ уништуваат се’ поголеми земјоделски површини. Многу не помагаат ни ноќните стражи на земјоделците, викањето, лаежот на кучињата, тропањето со разни предмети. Дивите свињи едноставно ја прегазат, преораат паарцелата и уништат се’. По цел ден работиме, нивите додбро родија, а ноќе стражариме, но малку фајде“, вели Захид Ефендиќ, угледен земјоделец од Горни Поточари.

Земјоделците бараат организирање масовни хајки за отстрел на се’ побројните диви свињи.

Слична е состојбата и на други места во БиХ и во соседството, а дивите свињи се’ повеќе излегуваат и на Јадранот, некаде и на градски улици, како во Ровињ, каде од дивите свињи се жалат и туристите.