Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска стана мајка. Таа роди син во една од скопските болници. Новороденчето, по желба на двајцата родители, ќе се вика Петар.
Ова е прво дете на Јанкулоска и нејзиниот сопруг, Влатко Илиевски со кој таа стапи во брак во 2010 година.
Бременоста на Јанкулоска беше ризична, поради што за неа беше одвоена постапката во предметот Тенк на СЈО, каде таа е обвинета. Утрешното рочиште за овој случај ќе биде одложено.