Босанец направил хаос на германските пруги, сопрел воз што вози 320 на час – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 9:28 AM

Босанец направил хаос на германските пруги, сопрел воз што вози 320 на час

Во понеделникот дошло до нарушување на возниот ред на Германските железници, а виновник за тоа бил 35-годишен државјанин на Босна и Херцеговина.

Тој се возел со брз воз на релацијата Виена – Берлин, кога нешто по 18 часот, во понеделникот, возот стигнал во главната станица во Хал. Патинкот од БиХ излегол од возот за да запали цигара, а неговиот багаж останал во возот.

Но, на пуш-паузата се задржал малку одолго, па возот тргнал, а вратата на Босанецот автматски му се затворила во последен миг. Следувала драма. Според полицискиот извештај, Босанецот некако се фатил за напојните водови меѓу локомотивата и првиот вагон на возот кој развива 320 километри на час, пишуваат „Независне“.

Човек покрај пругата случајно видел што се случува, па телефонски ги алармирал итните служби. Државната полиција потоа ја известила покраинската и железничкиот центар за вонредни состојби, за, конечно, пораката по радио-сигнал да стигне до машиновозачот. Возот бил сопрен, а полицајците со сирени гоп рифатиле „слепиот патник’, кој, за среќа, останал неповреден во опасната авантура. Веројантно тој ќе се соочи со тужба. Возот, поради увидот, доценл 56 минуи, а уште два други не можеле да го испочитуваат возниот ред, а тоа во Германија се случува ретко.