Откриениот гас во Црното Море претставува најголемо откритие во морињата во 2020. – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 8:00 AM

Откриениот гас во Црното Море претставува најголемо откритие во морињата во 2020.

Откривањето на природен гас во Црното Море во подрачјето на турската област Сакарја е прво по големина откритие оваа година во светските мориња, а второ меѓу сите откритија направени на копно и море.

Според информациите до кои дојде новинар на АА, вкупната вредност на 10-те најголеми откритија во 2020 година е еквивалетна на приближно 19 милијарди барели нафта.

Турција, на општата листа на откритија се наоѓа на второто место со откривањето на 320 милијарди кубни метри природен гас (што е еквивалентно на 1,9 милијарда барели нафта), а прва на листата на откритија спроведени во морињата.

Обединетите Арапски Емирати се наоѓаат на првото место на листата на земји со најголемо откритие во оваа година, кое е еквивалентно на 14 милијарди барели нафта. На третото место се наоѓа Русија со откритие еквивалентно на 1,3 милијарда барели нафта. На четвртото и петтото место се наоѓа Суринам со откритија кои се еквивалентни на 730 милиони и 613 милиони барели нафта, а по неа следуваат Гвајана, Мексико, САД и Велика Британија.