Можеби сметате дека на овој свет воопшто не сте важни. Сепак, секое утро можеби некој пие кафе од шолјата што вие сте му ја подариле, некој слушнал песна на радио што го потсетила на вас, некој со задоволство ја прочитал книгата што сте му ја подариле. Некој, враќајќи се навечер од работа, се сетил на вашите шеги и се насмевнал. А некој исто така, сега се сака себеси повеќе бидејќи сте му упатиле убав комплимент. Некој престанал да плаче, бидејќи сте му ги избришале солзите. Некој заспал безгрижно затоа што сте го утешиле.
Никогаш не мислете дека не можете да влијаете на ништо. Трагите што ги оставате зад себе, дури и со малите постапки на добрина, невозможно е да се избришат.
Извор: uspesnazena.com