Тинејџерите и заљубеноста – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/20 9:13 PM

Тинејџерите и заљубеноста

Да се биде заљубен за време на тинејџерските години е нешто прекрасно, но и многу комплексно. Тоа е период кога личноста се менува, па дури не се разбира ни самата себе. Што е добро да знаете з заљубеноста кај тинејџерите?

Биди тоа што си и грижи се за своите потреби

Да се биде во врска со некој подразбира компромиси и договори, но тоа никако не значи дека треба да ги занемарите своите потреби, желби и пријателство. Грижата за потребите на некој друг може донесе одредено задоволство, но доколку се занемарат сопствените тоа може да ја наруши здравата рамнотежа во односот.

Насмевката прави чуда

Личноста која се смее зрачи со позитивна енергија и привлекува иста таква. Бидете ведри и насмеани и уживајте во овој предизвик.

И девојките и момчињата се подеднакво збунети

Момчињата изгледаат посамуверено, но тоа е така само навидум. Кога е љубовта во прашање, ретко кој не чувствува збунетост, несисгурност и страв.

Не можете да принудите некој да ве засака

Понекогаш не е важно колку сакате некоја личост.  Едноставно, таа не мора да го чувствува истото. Многу е важно да препознаете кога е време да продолжите понатаму.

Не постои „време за прв бакнеж“

Младите луѓе понекогаш си прават притисок на самите себе и однапред смислуваат сценарија, потребно е само да се препуштите на моментот и да бидете опуштени.

Кога не сте сигурни кажете „не“

Доколку не сте сигурни дека сакате нешто, кажете „не“. Кај тинејџерите најчестиот проблем е неподготвеноста за сексуални односи, но тука може да се вбројат и цигарите, пиењето алкохол, експериментирањето со дрога и слично. Кога ке кажете „не“ тоа не мора да биде конечен одговор. Едноставно, на овој начин ќе добиете време за да размислите за сопствените барања и желби.

Сексот не докажува ништо

Сексот сам по себе не докажува ништо, посебно не љубов. Доколку се двоумите за одредени барања што ви ги упатува другата личност, размислете добро и прашајте се самите себе дали тоа навистина го сакате, дали подоцна нема да ви биде криво и дали тоа нешто би го направиле само за да ја задоволите другата страна.

Слободен простор

Секоја љубов бара време и емоционална сила. Добро е луѓето што се во врска понекогаш да си дадат малку простор. Никој не сее да се чувствува неслободно, бидејќи тогаш кога ќе пуштите некого ќе сфатите колку сте му важни,

Животот не завршува со прекинувањето на врската

Без оглед на тоа колку болен и вознемирувачки бил, крајот на врската не е и крај на светот. Животот оди понатаму, па предолгото гледање во затворена врата ќе оневозможи да ги видите новите прилики што ви ги нуди животот.

Не мора да сте во врска за да живеете исполнето

Пред младите луѓе има низа предизвици – образование, пријателства, хоби, семејство, патувања и запознавања. Да  бидете исполнети само со односот со една личност е многу ограничувачки. Една личност, колку и да е прекрасна, не може и не би требало да ги исполнува сите ваши потреби. Важно е да не заборавите на себе, на своите желби, навики и чувства, но и на личниот раст. Фокусирањето на една личност која би треба да ги исполни сите ваши потреби е исцрпувачко и нездраво за двете страни. Порано или подоцна некој ќе посака да излезе од таквиот однос.

 

Извор:  prakticanzivot.com