Заеднички оброци за подобра семејна поврзаност – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/20 7:54 PM

Заеднички оброци за подобра семејна поврзаност

Собирите во трпезаријата, споделувањето оброци и дружењето на маса се повеќе од обичен оброк, ручек или вечера. Се работи за средба која ги поврзува членовите на семејството, смирува, опушта и создава чувство на заедништво.

Многу истражувања покажале дека децата кои редовно јадат со останатите членови на семејството се помалку прблематични. Исто така докажано е дека на овој начин се подобрува и брачниот однос. На трпезата сите седиме еден покрај друг и тоа ни овозможува да ги видиме реакциите и изразите на лицето на останатите, (мимики, гестови, погледи). Храната сама по себе претставува задоволство што придонесува луѓето подобро да се чувствуваат и да биде подобро нивното расположение.

Психолозите тврдат дека заедничките оброци ги поврзуваат партнерите, пријателите и тоа во значајно поголема мера од некои други заеднички активности. Посебно на помладите семејства им се препорачува да практикуваат барем еден заеднички оброк во текот на денот или минимум 5 во текот на неделата. Се препорачува исто така да се избегнуваат тешки разговори, кавги и критики на масата.

Разговорот за тоа кој како си го поминал денот, како се чувствува, што планира, какви желби или грижи има секако се добредојдени.

 

Извор: prakticanzivot.com