Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест против поскапувањето на струјата, упати три барања до Владата за кои како што рече, треба да се одговори во следните неколку дена.
-Првото барање е враќање на старата цена на струјата преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач. Второ наше барање е неделен викенд без ДДВ кој вие сами го ветивте пред изборите за месец септември. Трето е професионализација на Регулатроната комисија за енергетика а не вакви партиски војници, слуги и полтрони, побара Мицкоски.
Лидерот порача и дека протестите ќе продолжат „се додека мафијата на власт не биде детонизирана“ затоа што дошла на власт преку поткупени избори.