Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред два дена ги повика граѓаните на протест против поскапувањето на струјата, денеска започна првиот од најавените низа тематски протести.
Мицкоски го предводи протестот со транспарент „Скапа струја сиромашен народ“.
Со извикувања „оставка“, „мафија на робија“, „лопови“ и со знамиња од Вергина, демонстрантите се движат од Министерството за правда до Регулаторната комисија за енергетика.
Лидерот Мицкоски, на прес-конференцијата во која го најави протестот, потенцира дека ќе протестираат се додека цената на струјата не се врати како порано.