Лисицата Лепосава е чест гостин во Планинарскиот дом во Овчар Бања. Таа се дружи со туристите, им позира за да ја фотографираат, но понекогаш знае и да украде по нешто. Штом ќе го слушне од шумата гласот на домаќинот на Планинарскиот дом, Славко таа доаѓа да јаде. Овие двајца другари се запознале пред околу два месеца.
„И’ фрлав храна, но не сакаше ни да се приближи. Потоа почна да се припитомува и да ми јаде од рака. Сега позира кога ќе наидат туристи. Добра е и секој може да ја храни“, вели Славко Малетиќ. Неговата другарка Лепосава секој ден поминува по неколку часа со гостите во Планинарскиот дом. На почеток немала доверба, но сега е одомаќинета таму во вистинска смисла. Поради домашните животни понекогаш може да се обесхрабри, а понекогаш оди и кај соседите, кои и’ простуваат за работите што исчезнуваат.
Ми украде табакера, ми ги краде рибарските стапови, а јас потоа трчам по неа. Влегува во чамецот и ги зема ситните риби од косата. Значи нема што не краде. Еднаш украде и костим за капење – вели Милисав Дрманац од Овчар Бања.
Извор: srbijadanas.com