Прошетката во природа како исцелувачка активност за подобро здравје – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/20 3:50 PM

Прошетката во природа како исцелувачка активност за подобро здравје

Ако сакате да направите нешто добро за своето здравје шетајте почесто во природа и бидете активни. Повеќе истражувања покажале дека одморот во природа има добро влијание врз менталното, но и врз физичкото здравје. Со него се намалува нивото на хормонот на стрес во телото, со што се ублажуваат симптомите на анксиозност и депресија. Со ова, ќе почнете да се чувствувате подобро, позадоволно и со повеќе енергија.

Покрај ова, одморот или прошетката во природа ќе ви овозможи подобра апсорпција на витаминот Д, кој штити од дијабетес, им дава сила на мускулите и го зголемува имунитетот.

Придобивките од прошетката во природа може да ги почувствувате и доколку посветите малку време на ваквата активност (дваесетина минути). Оваа промена би можела да биде клучна за да привлечете и други позитивни промени во животот. Ако немате време за себе ризикувате да си го загрозите здравјето, а токму прошетката во природа го зајакнува имунитетот и со тоа ви помага притисоците да ги поднесете полесно.

Доколку пак имате поинтензивни активности додека сте природа, тоа е дополнителен плус! Малку брзо одење, неколку вежби  за истегнување, правилно дишење…се само дел од активностите со кои ќе се чувствувате подобро, а освен тоа ќе придонесат и за одржување на оптималната телесна тежина.

 

Извор:   prakticanzivot.com