Дали Меси ја напушта „Барселона“ за да продава цигари на улица? – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/20 12:41 PM

Дали Меси ја напушта „Барселона“ за да продава цигари на улица?

Ова момче заработува за живот со тоа што му е како двојник на Лионел Меси. Омер Хусамедин продава цигари на улица и, како „ѕвезда’, се фотографира со случајни минувачи кои го молат за заедничка фотографија.

„Ако добро работам и заработам доволно пари тој ден, вечерта можам да платам и хотелска соба“, вели Омер.

Тој во последните осум години престојува во Духок, во ирачкиот киргистански регион. Една тамошна телевизиска станица направила интересна репортажа за ова необично момче, по што Омер стекнува популарност. Оттогаш уште повеќе почнал да ја копира фризурата, начинот на облекување и движењето со славниот фудбалер.

„Луѓето што живеат во Духок се великодушни, иако понекогаш многу ме нервира што постојано гледаат во мене и ми кажуваат колку многу личам на Меси“, раскажува Омер.